| четврток, 6 декември 2018 |

Канческа-Милевска: На 11 декември сите граѓани ќе гласаат за стабилна и просперитетна Македонија

– На 11 декември убедена сум дека сите граѓани на Република Македонија ќе гласаат за стабилна и просперитетна Р.Македонија, ќе гласаат за иднината на нашата држава и политиките и програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Како партија, како и досега и во наредниот период продолжуваме со интензивна комуникација со граѓаните. Фокусот ќе бидат граѓаните, нивните потреби, барања, проекти. ВМРО-ДПМНЕ ќе има обемна програма со огромен број на проекти како никогаш досега, проекти во сите области – истакна Елизабета Канческа-Милевска по средбата со граѓаните од скопско Тафталиџе.

– Кризата во Република Македонија која траеше подолго време и беше наметната од СДСМ и нанесе огромна штета на граѓаните и државата конечно заврши. Партијата продолжува со едно силно темпо во исполнување на сите проекти – додаде Канческа-Милевска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top