Бракот на Мишел Моне, сопственичката на долната облека „Ултимо“ и нејзиниот сопруг Мајкл западнал во криза уште во 1999 година, кога се појавил овој бренд. Почетокот на крајот на нивниот брак дошол откако ја вработила Саманта Бан како главна дизајнерка. Кратко по нивната разделба, Мајкл бил фотографиран како се бакнува со Саманта.
Во своите мемоари Мишел Моне отворено пишувала за својот живот. Претходно од нив беше објавен делот во кој пишува како сопругот ја навредувал поради килограмите и како тоа продолжил да го прави и откако ослабела.
Иако живеевме мошне луксузно, нашиот брак беше во криза. Јас станав опсесивна – во куќата не смееше да се види ниедна дамка, се мораше да сјае. Децата имаа правила кои не смееја да ги прекршат, а јас дури подоцна сфатив дека тие правила се само мој начин да го прекријам своето длабоко незадоволство. Сакав да ја контролирам секоја ситница, затоа што изгубив контрола над многу поголем дел од мојот живот – над својот брак”, пишува таа, пренесува Дејли меил.
Проблемите во бракот почнале набрзо откако во 1999 го стартувала брендот „Ултимо“.
Заминувањето на работа беше слично со одење на минско поле, на состаноците секогаш си викавме еден на друг, а расправиите продолжуваа и дома. Сексуален живот не постоеше. Но, јас никогаш не размислував на развод. Јас доаѓам од средина во која во бракот се останува без оглед на се. Но крајот на мојот брак сепак започна кога ја вработив Саманта Бан (31) како нов главен дизајнер. Беше девет години помлада од мене, па ја зедов под своја закрила. Имаше проблеми со момчето, па ја сослушував и тешев. Се однесував кон неа како кон член од семејството”, пишува Мишел во книгата.
Иако тие две биле блиски, Саманта на работа повеќе време поминувала во канцеларијата на Мајкл.
Мајкл тогаш ја затвораше врата, што инаку не правеше, а јас сфатив што се случува. Додека јас бев на бизнис патувања, Саманта доаѓала на вечера со Мајкл и децата. Една вечер појде кај неа со чаша вино, а кога се врати ми рече дека само разговарале. После тоа секогаш го прашував дали има афера, но тој одрекуваше. На сите им велеше дека ми треба помош од психијатар”, раскажува таа.
Мишел најмила приватен детектив, а потоа заедно со Мајкл и Саманта отпатувала во Хонг Конг. Таму во еден момент се одвоила од нив за да оди на ручек со пријателка, а за тоа време нив двајца ги следел детективот кој со повик ја прекинал уште за време на оброкот.
Во голем коверт добив фотографии на кои Мајкл и Саманта се бакнуваат. Иако знаев дека бракот ми е готов уште пред неколку години, ме здоболе. Дури кога се вративме во Шкотска му кажав на Мајкл дека имам докази за неговото неверство. Тагата тогаш прерасна во бес. Влегов во неговото порше и со нож исеков се’, а потоа појдов во нејзината куќа и растурив се’ во нејзината градина. Потоа и ѕвонев на телефон се’ додека не се јави. Ја нареков кучка, врескав на неа, додека таа ми раскажуваше дека се’ започнало пред неколку дена”, пишува Мишел.
Мајкл за медиумите изјавил дека не бил со Саманта се додека не се развел од Мишел, а Саманта ја тужела затоа што „без основа ја отпуштила”.
А што требаше да правам, да седам со неа и да дизајнираме градници? Сепак, адвокатите ме советуваа да ја исплатам, а на Мајкл му платив 8.000 фунти за поправка на автомобилот. Покрај тоа, морав да трпам и понатаму. Секоја разумна личност која ќе го изневери партнерот ќе се отсели сама од дома, а Мајкл инсистираше јас да си заминам од куќата. Немаше шанси да ги оставам децата. Затоа секоја ноќ имавме трка до креветот – кој ќе стигнеше прв, ќе спиеше во него. Неговите омилени работи ги фрлав во ѓубре, му ставав лаксатив во пијалоците, му ги дупев гумите на автомобилот“, признава таа.
На крајот Мишел си заминала од куќата, а после тоа го убедила Мајкл да си замине од фирмата и нашла нови спонзори, па почнала се’ од почеток. Децата и таа се вселиле во нов дом, а како што пишува Мишел, тогаш била завршена нејзината најголема битка во животот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)
-
Маж уапсен бидејќи појадувал со жена (ФОТО)
-
Охриѓанец е осомничен за вчерашното убиство во Велгошти
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките