Британскиот пензионер Невил Ајерс (78) е пронајден мртов на Малтка отакко цела ноќ пиел и се забавувал во локален бар со Драгана Михалковиќ (45) со потекло од Србија.
Британските медиуми наведуваат дека Ајерс бил пронајден мртов минатата среда во станот на Србинката во градот Сент Пол Беј на Малта со околу 10.000 фунти покрај телотоВо февруари годинава уште еден маж, Дејвид Грант (68), кој во тоа време ѝ бил момче, исто така бил пронајден во истиот стан мртов, но во врска со тој случај не биле утврдени сомнителни околности.
Сепак, полицијата се сомнева дека и двајцата мажи починале како последица на бурните ноќи поминати со Драгана.
Според исказот на Драгана, таа и Невил долго пиеле алкохол во барот, а во еден момент тој ѝ се јавил на сопругата во Британија да ѝ каже дека го пропуштил летот, а потоа не знаела што се случувало.
-Бев затечена кога му се слоши, сторив се за да го спасам, а на крајот отидов во полиција и таму викнав брза помош. Невил ми рече дека Јасмин му е сестра, а не партнерка, тврди Србинката.
Таа исто така рекла дека од десетте илјади фунти пронајдени до телото само 2000 се на Британецот.
Британски „Сан“ тврдид ека Драгана е позната по тоа што ид истиот бар често си заминува со постари мажи, најчесто пензионери, откако од нив ќе извлече пари за неколку пијачки, цигари или кондоми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.