Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, се подготвува за половина месец, најдоцна на 1 ноември да ја пушти во употребаделницата Љиг – Прељина, на која се наоѓаат тунелите за кои се крена многу прашина дали се изведени според прописите или за половина метар пониски.
Многу медиуми и стручњаци тврдеа дека тунелите се пониски од пропишаното и дека низ нив нема да можат да минуваат шлепери.
-Со шлепер ќе поминам нис тунелот на Коридорот 11. Не се смеевте кога викавте дека не може да се помине со шлепер низ тунелот. Ќе видите како изгледаат 40,4 километри српска гордост, изјависрпскиот премиер Александар Вучиќ пред новинарите во текот на обиколката на работите на Коридорот 10.
Според него, на Коридорот 11 ќе биде завршена делницата Лајковац – Љиг, потоа Обреновац – Уб, а наскоро се очекува и потпишување договор за финансисрање на работите на делницата Обреновац – Сурчин.
Одговарајќи на новинарско прашање , Вучиќ одговорил дека е моѓно да се случи доцнење од месец-два, но тоа е ништо со педесетте години колку што доцни Србија во изградбата на патиштата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.