| четврток, 6 декември 2018 |

Германски неонацист пукал и ранил четворица полицајци

Во јужна Германија утринава дојде до оружен судир меѓу припадниците на полицијата и еден член на екстремно десното движење „Граѓаните на Рајхот“ при што четири полицајци биле повредени, од кои еден потешко, јавуваат медиумите на таа земја.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека осомничениот е во притвор.

До немилиот настан дошло кога на 49-годишниот припадник на „Граѓаните на Рајхот“ му била одземена дозволата за оружје која ја поседувал.

„Граѓаните на Рајхот“ се припадници на движењето кои ја признаваат Германиија во границите на 1937 година и не ги признава институциите на Германија ниту пак ги признава судските пресуди.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top