| четврток, 6 декември 2018 |

На Филипини му се заканува големо невреме: Милиони луѓе во опасност (Видео)

Се очекува дека супер-тајфунот Хаима ќе ги погоди оддалечените заедници на северот на земјата, во околу 23 часот денес по локално време.

tajfun-haima-filipini-02

На милиони луѓе на Филипините им е наредено да се подготват за еден од најсилните тајфуни кои некогаш ја погодиле таа земја, а овој пат станува збор за супер-ураганот Хаима, кој го предизвикал претходниот тајфун Сарика.

Се очекува дека супер-тајфунот Хаима ќе ги погоди оддалечените заедници на северот на земјата, во околу 23 часот денес по локално време, носејќи ветрови со речиси идентична сила како и оние кои ги создал супер-тајфунот Хајан во 2013. година, кога загинале повеќе од 7.350 луѓе.

-Не очекуваме само обилни дождови и силни ветрови, туку и поплави, одрони и олујни бранови во крајбрежните региони. Луѓето во тие региони се во опасност. Треба да пронајдат побезбеден терен”, изјавил Алан Табел, директор на центарот за информирање и координација на природни катастрофи при министерството за внатрешни работи.

Се очекува Хаима да покрие територија во должина од 800 километри, со повеќе до 10 милиони ширум северните делови на најголемиот филипински остров Лузон, соопштила владината агенција за справување со природни катастрофи.

Хаима се доближува до Филипините со ветрови со брзина од 225 km/h.

Властите ги предупредиле крајбрежните заедници дека олујните бранови може да достигнат висина до пет метри, пренесува АФП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top