Ричард Гир конечно и официјално се разведе од поранешната Бонд девојка, Кери Ловел. Актерот и неговата сопруга постигнаа спогодба околу богатството.
Кери документите за развод ги поднела уште 2012 година, по десет години брак. Околу старателството над синот Хомер, кој сега има 16 години, бргу се договориле, но не било лесно да се постигне договор околу парите. Деталите од спогодбата не и се достапни на јавноста, а се претпоставува дека Ричард се спремал на поранешната сопруга да и исплати голема сума пари. Додека беа во брак, Ричард и Кери важеле за една од најскладните брачни двојки во Холивуд. Но подоцна, на брачното фијаско му претходеле бурни расправии, бидејќи, наводно, Кери уживала во вниманието од медиумите и во популарноста, додека Гир бил голем противник на тоа и сакал мирен живот.
Изминатово лето Ричард Гир ја продал куќата во Хемптонс за 33 милиони долари, што е двапати помала сума од износот што го барал, кога ја ставил на продажба. Гир и Kери го дoбија синот Хомер во 2000 година, а две години подоцна се венчале.
Кери веќе ја има ќерката Хана од врската со актерот Грифин Дан. Гир, пак, претходно беше оженет со манекенката Синди Крафорд, од 1991 до 1995 година, а моментално е во врска со Алехандра Силва.
33 – годишната Шпанка е припадничка на тамошниот џет-сет и неодамна се развела од богатиот бизнисмен, Американецот Говинд Фрајдланд. Алехандра живее на релацијата Њујорк – Мадрид, има завршено високо образование и како и Гир, е будист. Според фотографиите од нивниот престој на Силија, ова лето, очигледно е дека „американскиот жиголо“ е прилично вљубен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.