| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешниот тренер на Металург на чело на српската репрезентација

jovica-cvetkovic

Машката ракометна селекција на Србија, по промените во тамошниот ракометен сојуз ќе добие нов селектор во пресрет на стартот на квалификациите за пласман на ЕП во Хрватска, 2018 година.

Како што информираат медиумите кај нашиот северен сосед, нов предводник на машката селекција и наследник на Дејан Периќ ќе биде искусниот Јовица Цветковиќ. Практично тоа ќе биде враќање на клупата на „орлите“ со оглед на тоа што во период од 2006 до 2009 година веќе ја извршуваше истата функција. За потсетување Цветковиќ работеше и како тренер на Металург, во сезоната кога за првпат клубот од Автокоманда дојде до шампионската титула на Македонија

Ракометарите на Србија на 3 ноември ги отвораат квалификациите за ЕП со дуел на гости против Полска, а во групата за противници ги имаат уште Романија и Белорусија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top