Вчеравечер во 21,00 часот во полициската станица во Аеродром Л.Л. (43) од Скопје, пријавила дека околу 20,45 часот во дневната соба во семејниот дом, која ја користела додека траела бракоразводна парница, влегол нејзиниот сопруг И.Л. (46), со намера да гледа телевизија, а Л.Л. му рекла дека била уморна и дека ќе одела да гледа во друга соба, по што ја фатил за коса и почнал да ја удира со боксови и шлаканици во пределот на главата и лицето, ја турнал на подот и повторно ја удирал.
Сопругата успеала да излезе надвор и да побара помош, а И.Л. излегол по неа и со рака и ја притиснал устата за да ја спречи да вика. Во тој момент дошол нивниот син и го отурнал од неа. И.Л. влегол во домот и излегол со палка во раката, но кога забележал дека го гледаат соседите, ја фрлил палката во дворот и влегол во куќата.
Л.Л. се јавила на лекарски преглед во ГОБ„8-ми Септември“ каде и биле констатирани телесни повреди.
И.Л. бил повикан во ПС-Аеродром на разговор, по што се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.