| четврток, 6 декември 2018 |

Вежба на Црвениот крст на Град Скопје за спасување давеници

­

spasuvanje-davenik

Француски давеници во реката Вардар денеска кај Камениот Мост во Скопје беа спасени од тимови за спасување на Црвениот Крст на Град Скопје. Симулацијата за спасување на поплавени од кризни подрачја е во соработка со амбасадата на Франција во Македонија и се спроведува шеста година по ред.

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние ја поздрави акцијата за спасување на давеници на Црвениот Крст и истакна дека успешноста на симулацијата покажува дека Македонија може да се справи со вакви катастрофи. ­

– За нас е многу утешно, посебно во овие мигови кога се развива туризмот, да знаеме дека во случај на вакви проблеми ние сме подготвени да се справиме со истите, рече Тимоние.

Шефот на тимот на Црвениот Крст, Арѓенд Чиљафи појасни дека во симулацијата на спасување давеници од природна катастрофа учествувале два тима. Едниот за спасување на планина и другиот за спасување од поплави.

Оваа обука според него е унапредување на системот за управување со кризи и на тимовите за одговор при катастрофи со цел за дејствување во реални ситу

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top