| четврток, 6 декември 2018 |

Момче лажело дека се самоповредило – по два дена ја призна вистината во полиција

Вчера во 13,10 часот во Клиничката болница во Битола 17-годишник од Битола во присуство на неговиот татко З.Ј. пријавил дека на 16 октомври, околу 21,00 часот, додека се движел по ул.„Сотир Брбевски“ бил пресретнат од страна на непознато лице кое му побарало пари.

Откако му рекол дека нема истиот му се заканувал дека ќе му ја запали куќата и го навредувал со погрдни зборови по што оштетениот вербално му возвратил. Непознатото лице почнал да го влече и да го удира со раце во пределот телото.

Оштетениот се повлекол и заминал во студентскиот дом во собата на неговите другари, каде осетил болка во левото рамо, при што кога се соблекол забележал крв. Се обиделе да го сопрат крварењето, а потоа со такси возило го однеле во битолската болница, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Момчето следниот ден пријавило дека тоа било самоповредување, бидејќи било исплашен од настанот.

СВР-Битола презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top