| четврток, 6 декември 2018 |

Зидан: Никој не смее така да зборува за моите фудбалери, па ни претседателот на Франција

zidan

Зинедин Зидан е фудбалска величина не само во Франција, туку и во целиот свет, па може да му одбруси дури и на претседателот на својата земја, Франсоа Оланд. Тој неодамна изјави дека Карим Бензема не може да биде идол на децата кога е во прашање моралот, но Зидан му возврати на претседателот.

– Неприфатливо е некој така да зборува за моите фудбалери, па дури и да се работи за претседателот на Франција. Тоа е така иритирачки и многу ми пречи – изјави Зинедин Зидан.

Францускиот стратег синоќа со Реал Мадрид оствари нова победа во Лигата на шампионите, совладувајќи ја Легија на „Сантијаго Бернабеу“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top