Реал Мадид успеа да стигне до својата трета титула во Лигата на шампионите во последните четири изданија на најелитното клупско фудбалско натпреварување, достигнување кое едноставно донесе преголемо славје во шпанската престолнина, но кое исто така му го донесе потребниот и заслужен респект на Зинедин Зидан.
Во рок од 18 месеци, Зидан по вторпат го подигна најценетиот трофеј во Европа како прв шеф на стручниот штаб на Реал Мадрид, а сега самите играчи откриваат дека Французинот имал круцијална улога и во ова финале кое се одигра во саботата.
Реал Мадрид излезе како сосема различен тим во второто полувреме и буквално го потопи италијанскиот шампион, а сега угледните мадридски медиуми „Марка“ и „Ас“ ја открија кратката порака која им ја испратил Зидан на своите играчи.
– Дојдовте до тука, до самото финале. Мора да уживате во продолжението од мечот, подобри сте и треба да победите – била првичната кратка порака на Зидан која ја потврди и самиот Модриќ.
– Одигравме навистина импресивно второ полувреме, треба да бидеме горди на тоа. Зидан ни порача дека мора да се подобриме многу во неколку сегменти. Да бидеме поагресивни, да вршиме пресинг повисоко и да не оставам простор на Јуве како во првото полувреме. Излеговме како препородени по неговиот говор и ги добивме речиси сите индивидуални дуели во вториот дел – открива Лука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.