| четврток, 6 декември 2018 |

Пенисот му останал заглавен во шише, операцијата не го спречила најлошото

Педесетгодишник бил пратен итно на операција на пенисот, откако половиот орган му останал заробен во шишето со кое се самозадоволувал, пренесува „Њузком“.

Во болницата овој маж од Хондурас пристигнал прекасно. Неговиот пенис останал без проток на крв, почнал да трни, па лекарите не можеле да го спасат неговиот орган.

Докторот Денис Чиринос, кој ја изведол ампутацијата, рекол дека мажот побарал утеха во шишето, но на необичен начин. Место да пие, тој ја лечел сексуалната фрустрација.

– Го ставил пенисот во шише, а тоа предизвика смрт и некроза на пенисот. Кога стигна во болница, неговиот орган веќе беше мртов – рекол др. Чиринос.

Mажот во болница стигнал четири дена откако машкоста му останала заглавена во шишето. Докторот објаснил дека дошло до стеснување на крвните садови во пенисот и дека доволни се само четири часа за ткивото да умре. Така мажот остана целосно без својот пенис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top