СДСМ најави дека на изборите во декември ќе ги промени боите под кои ќе настапува. Жолтата ѕвезда наместо на сина боја ќе се најде на црна заднина со што ќе се симболизира длабоката жал на партијата од неодржаните избори во април и во јуни.
Покрај овој новитет, како што велат во партијата, со цел уште повеќе да се нагласи длабокиот траор во СДСМ поради бегството на власта од избори во април и во јуни, наместо црвената ружа, на средина на ѕвездата ќе има црвена солза.
„Вистината е таа и сите граѓани треба да ја знаат: ние сме тие кои сакаат да одат на избори, но од немукает не отидовме досега. Всушност, ние сакавме многу да има избори и во април и особено во јуни, но, ете, решивме малку да се пошегувавме, па одбивме да се појавиме на изборите со изговор дека немало услови за нивно спроведување“, рече портпаролот Петре Шилегов.
„Како што знаете, шегата е здрава и смеењето го продолжува животот. Е, фактички со нашето бегање од избори во април и во јуни лажејќи дека нема услови и дека ако излеземе на избори сигурно ќе победиме, но не сакаме бидејќи не се создадени услови, на што сите ни се смееја, се жртвувавме за продолжен живот на граѓаните – со што веќе и остваривме една мерка од нашата програма“, додаде Шилегов.
„СДСМ претерано многу сакаше, пекаше по избори, патеше за да се појави и изгуби, но не отиде на избори за доброто расположение, смеа и продолжен живот на граѓаните. Луѓето мислеа дека ние сме тие кои бегаат од избори, но ние плачевме затоа што не се одржаа. Како знак на оваа длабока патња, решивме сината боја од логото на партијата да ја замениме со црна, а црвената ружа во жолтата ѕвезда да биде заменета со црвена солза“, додава тој.
Според него, голема е веројатноста партијата да го задржи црнилото во својот амблем и по изборите за да го отслика расположението на членовите на СДСМ и по изборите на 11 декември.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.