Во болницата во Брчко, БиХ, пред неколку дена се породи 13-годишно девојче. Таа била примена со болки и според процедурите, докторите ја породиле со царски рез. И девојчето и нејзиното бебе се добро, велат од тамошната болница.
Мајката на 13-годишното девојче, Када Фехатовиќ, гледа ништо лошо во тоа што ќерка и се породила на тие години, пишува босански „Авас“, чии новинари го посетија семејството.
– Taа се омажи за Шериф Сулиќ во Брчко и после година дена си добија дете. Не знам колку години има тој, но знам дека е многу постар од неа. Плачев од радост кога се породи. Јас и мојот човек сме болни, но ја заборавивме болеста од среќа што добивме уште едно внуче – изјавила мајката.
Од Центарот за социјални работи велат дека законот е јасен, малолетниците може да влезат во брак во одредени случаи, само со наполнети 16 години, со одобрение на родителите, лекар и полиција.
Во тек е истрага за случајот, а доколку се докаже дека е виновен, „сопругот“ на девојчето може да добие и до осум години затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.