| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Изградена делницата Мокрино – Смолари, порано со теренски возила и трактори, сега по нов, модерен регионален пат

Невозможното стана реалност, реализирано е уште едно големо барање на граѓаните. Ако досега патот меѓу Мокрино и Смолари се минуваше само со теренски возила и трактори, денес жителите на овој крај можат достоинствено, брзо и сигурно да се поврзат. Со изградбата на овој правец се скратува времето за патување кон границата со Бугарија, а од друга страна се поврзуваат десетина населени места од струмичкиот регион, објави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на Фејсбук.

mokrino-smolari-2

„Порано со теренски возила и трактори, сега нов, модерен регионален пат за брзо поврзување помеѓу Мокрино и Смолари. Ова беше едно од најголемите барања на граѓаните кое сега е реализирано. Дополнително со изградбата на овој правец се скратува времето за патување кон границата со Бугарија, а од друга страна се поврзуваат десетина населени места од струмичкиот регион. При мојата посета и одбележувањето на почетокот на градба во август, минатата година, жителите посочија дека е невозможно да се патува со автомобил по земјениот пат кој ги поврзуваше овие две населени места, поради што се принудени да заобиколуваат по патишта долги десетици километри. Тоа е сега минато. Жителите добиваат модерен регионален пат од 4 километри за што се инвестираше над 1 милион и 200 илјади евра“, напиша Груевски.

Груевски најави дека инвестициите во нови патишта продолжуваат. Како што рече на обраќањето на големиот народен собир во СРЦ „Борис Трајковски“, континуирано се работи на реконструкција на регионалниот пат Струмица – Ново Село – Граница со Бугарија во должина од 10 километри и инвестиција некаде околу 1 милион евра, а исто така се работи и на реконструкција на регионалниот пат Попчево – Белотино – Рич во должина од 9 километри и инвестиција од околу половина милион евра. А следната година ќе се започне и со изградба на регионалниот пат од Старо до Ново Коњарево во должина од 4 километри и инвестиција 1.3 милиони евра. Ова се реалните потреби на граѓаните, нашата работа преставува одговор на тие потреби.

mokrino-smolari-7

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top