| четврток, 6 декември 2018 |

Нобеловиот комитет се уште нема директен контакт со Боб Дилан

LOS ANGELES, CA - FEBRUARY 06:  Bob Dylan speaks onstage at the 25th anniversary MusiCares 2015 Person Of The Year Gala honoring Bob Dylan at the Los Angeles Convention Center on February 6, 2015 in Los Angeles, California. The annual benefit raises critical funds for MusiCares' Emergency Financial Assistance and Addiction Recovery programs. For more information visit musicares.org.  (Photo by Kevin Mazur/WireImage)

Пет дена откако Боб Дилан беше прогласен за добитник на Нобеловата награда за литература, никој не знае што американскиот кантавтор мисли за тоа.

Шведската академија која ја доделува наградата соопшти дека не успеала да стапи во контакт со Дилан. ­

– Се уште не сме стапиле директно во контакт со Боб Дилан, но разговаравме со еден од неговите најблиски соработници, изјави постојаната секретарка на Академијата, Сара Данијус.

Академијата се надева дека Дилан ќе ја прифати поканата да ја прими наградата на свечената церемонија во Стокхолм на 10 декември.

– Би било прекрасно Дилан да дојде во Стокхолм во декември, но ако не сака, не сака, посочи Данијус.

Дилан кој е на турнеја во САД, на своите концерти не ни спомна дека добил Нобелова награда. Тој прифатил многу награди, меѓу кои и Пулицерова и Претседателски орден на слободата.

Харолд Пинтер и Алис Манро не присуствуваа на церемонијата во 2005 и 2013 година поради здравствени причини, додека само двајца писатели во историјата на Нопбеловата награда за литература ­- Борис Пастернак под притисок на советските власти во 1958 година и Жан Пол Сартр ја одби наградата во 1964 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top