На клубот разведени му се придружи уште еден холивудски актер, кој денеска со соопштение ја објави својата одлука.
Актерот кој се прослави со улогата на суперхерој во франшизата на Спајдермен, Тоби Мегвајер, објави дека се разведува од сопругата Џенифер Мејер, која е дизајнер на накит.
Овој сега веќе поранешен пар подлегна на епидемијата разводи кои го тресат Холивуд во последните неколку месеци.
Парот се запозна 2003 година, а се венча 2007 година, а во зедничкото соопштение за Пипл велат:После многу трагање во душата и размислување, решивме како пар, да се разделиме. Со оглед на тоа дека сме родители, наш приоритет останува одгледување на децата со многу заедничка љубов, почитување и пријателство – стои во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.