| четврток, 6 декември 2018 |

Ристовски: ВМРО-ДПМНЕ ќе остане столбот на движечките реформи и развојот на Македонија

spiro-ristovski-petrovec

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и заменик министер за образование и наука Спиро Ристовски вечерва беше на средба со граѓани во скопско Петровец.

Тој истакна дека партијата започна со подготвителни теренски активности се со цел да продолжи комуникацијата со граѓаните, со членството и поддржувачите за да се креираат идните проекти и реформи и истовремено да се разговара за сите досегашни активности и проблеми од локален карактер.

– Но, за нас е исто така многу значајно целата поддршка која што ја имаме од граѓаните на Република Македонија во насока на завршување на оваа политичка криза, која што очекуваме на 11 декември конечно да заврши со новите парламентарни избори на коишто ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победи, нагласи Ристовски.

Врз основа на таа победа, додаде тој, да се стави крај на кризата и на сите ризици што постојат околу можноста за редефинирање на уставниот поредок.

– На еден начин да се врати мирот, спокојот, успешниот раст и развој на земјата на сите полиња, а ВМРО-ДПМНЕ и понатаму да биде столбот на движечките реформи и развој на нашата една и единствена татковина, рече Ристовски на средбата со граѓаните во Петровец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top