| четврток, 6 декември 2018 |

Спасовски ја наполни единицата Алфа со партиски послушници со криминална позадина

alfi-1

Партиски послушници со дебело полициско досие, вакви се кадрите кои техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски ги инсталирал во полициската единица Алфа, јави Прес24. Како што пишува порталот, станува збор неколку лица кои имаат кривично досие, меѓу кои и такви кои извршиле сериозни кривични дела.

1. И. П. – виш инспектор во единицата Алфа – кривична пријава за киднапирање и поседување оружје

2. С. Ѓ. – виш инспектор во единицата Алфа – кривична пријава за семејно насилство

3. Г. А. – единица Алфа –  кривична пријава за престрелка за која е условно осуден. Се јавуваат и други пријави во крим евиденцијата

4. Н. В. – единица Алфа – Кривична пријава за тепачка со смртни последици. Осуден на ефективна затворска казна, а потоа помилуван од поранешниот претседател Бранко Црвенковски

5. Д. Т. – претходно избркан од единицата Алфа под соменине за кражба на запленети патики, сега самостоен инспектор.

6. Г. С. – самостоен инспектор – има забрана за безбедносен сертификат и не смее да има увид во класифицирани информации во кои спаѓа и наредба за вршење служба.

7. А. Т. – виш инспектор, избркан од единицата Алфа поради решенија од дисциплинската комисија за прераспределување

8. З. С. – дел од единицата Алфа – кривична пријава за изнуда и грабнување, осуден на условна затворска казна

9. Г. А. – лидер на Алфа тим – кривична пријава за изнуда и грабнување

Единицата Алфа, каде што се инсталирани овие кадри на Спасовски, е задолжена за прв одговор најчесто во уличен криминал. Останува нејасно, колку се безбедни граѓани, ако по улиците, со полициски значки се шетаат лица кои имале проблеми со законот и вршеле кривични дела од областа на насилниот криминал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top