Во складиштето на Државниот центар за истражување и за производство на вселенски ракети во рускиот град Самара изби голем пожар, јавуваат локалните медиуми. Пожарот зафатил површина од околу 10.000 квадратни метри.
-Гори двокатно складипште во рамките на Центарот, изјави за РТ портпаролката на противпожарната служба во Самара Татјана Ковалева.
Во гаснењето на пожарот учествуваат најмалку 60 луѓе и 17 противпожарни возила, а засега нема информации за евентуални жртви или за евакуација.
Во Државниот центар за истражување и производство на вселенски ракети во Самара се произведуваат ракетите „сојуз“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)