| четврток, 6 декември 2018 |

ФИФА ги казнува Косово и Хрватска за „Срби на врби“ (ВИДЕО)

ФИФА започна дисциплинска постапка против Косово и Хрватска затоа што навивачите на двете екипи извикуваа „Убиј го Србинот“ на квалификацискиот меч за СП.

Како што пренесува АП, „навивачите на двете екипи на своите јазици“ извикувале антисрпски пароли во текот на натпреварот, во кој Хрватите победија со убедливи 6-0.

Овој натпревар беше прв натпревар на Косово на домашен терен од приемот во УЕФА, ФИФА и местото во квалификациите за Мундијалот за две години.

Мечот се играше во Скадар, во Албанија, зашто во Косово нема стадион кој ги задоволува прописите на меѓународните фудбалски тела.

ФИФА не соопштува кога ќе ја донесе пресудата за овој случај, а Хрватска веќе еднаш беше казнета со забрана за играње пред публика на свој терен поради навивачки инцидент.

На денот на натпреварот во Скадар навивачите на двете репрезентации извикуваа пароли „Убиј го Србинот“ и „Срби на врби“, а на социјалните мрежи беа објавени и неколку снимки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top