Две жени се пријавени за исчезнати вчера во полиција.
Во првиот случај, во 12.35 часот во полициската станица во Гостивар, Р.Р. (37) од Гостивар пријавил дека на 16 октомври околу 11.30 часот од неговиот дом во непознат правец се оддалечила неговата сопруга А.Р.(35).
Во 8.40 часот во полициската станица во Струга, пак, К.В. (30) од Струга пријавил дека претходниот ден околу 8 часот неговата сопруга А.М.К. (30) отишла на работа во нејзиниот салон и кога по еден и пол час ја побарал, истата не се јавувала на мобилниот телефон. Пријавителот отишол во салонот, но не ја нашол.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.