Рано утринава во 00,15 часот во СВР Куманово, И.З. (37) од Куманово, пријавил дека на 01.06.2017 година околу 15,00 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата 15 годишна ќерка, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Исто така вчера 13 часот во ПС-Гази Баба, Д.Џ.(44) од Скопје, пријавила дека на 1 јуни 2017 година околу 14 часот од дома во непознат правец се оддалечила нејзината 11-годишна ќерка.
Истиот ден во Штип,околу 10 часот и 40 минути С.С.(46) од село Чардаклија, Штип пријавил дека на 1 јуни 2017 година од 20 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата сопруга А.С.(38).
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.