| четврток, 6 декември 2018 |

Откако Академијата му ја додели наградата: Ни трага ни глас од Боб Дилан

Шведската академија ова година Нобеловата награда за книжевност му ја додели на музичарот и текстописец Боб Дилан за неговиот „поетски израз“, а од него нема ни трага ни глас. Тој уште не одговорил на повиците на Нобеловиот комитет.

– Моментно не работиме ништо на тоа. Ги побарав телефонски и испратив пораки на неговите најблиски соработници и добив многу фини одговори, но засега е доста – изјави Сара Дениус.

Во ноќта кога беше прогласен за добитник на нобеловата награда за литература, имаше настап во Лас Вегас. Сепак, тој не говори за наградата ниту со медиумите, ниту со комитетот, што, можеби, значи дека во декември нема да се појави на доделување на наградата.

– Не сум загрижена. Мислам дека ќе се појави. Но, ако не дојде, не дојде. Во секој случај ќе приредиме забава и честа нему му припаѓа – изјави Дениус.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top