Ливерпул и Манчестер Јунајтед одиграа разочараувачки 0-0 во големото дерби на осмото коло во англиската Премиер-лига, а ако беше нешто атрактивно од дуелот што се одигра на „Енфилд роуд“, тогаш тоа, дефинитивно, беа двете спектакуларни интервенции што ги имаше Давид де Геа.
Шпанскиот репрезентативен голман прво со одличен рефлекс го спречи Емре Џан да му донесе водство на Ливерпул, а потоа со магична парада ја симна топката од самиот агол по феноменалниот удар што го испрати Фелипе Кутињо. Двете брилијантни одбрани на Де Геа посебно ги потенцираа сите фанови на Јунајтед, а исклучително импресиониран од втората остана и легендарниот Рио Фердинанд кој му испрати порака на својот поранешен соиграч.
– Каква одбрана од овој човек Давид де Геа. Според мене, број еден во светот во овој момент – напиша Рио на својот официјален профил на „Твитер“, притоа споделувајќи заедничка фотографија со шпанскиот чувар на мрежата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Балканските медиуми го прогласија Ване за „доктор за обложување“: Порачав дрес од Де Геа, ќе го врамам и закачам во дневна
-
Мурињо го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед
-
Манчестер Јунајтед остана без Антонио Валенсија до крајот на јануари
-
Јунајтед минималнo победи на „Олд Трафорд“, Ливерпул и Арсенал со нови киксови