| четврток, 6 декември 2018 |

Волфсбург му врачи отказ на тренерот Хекинг

heking

Дитер Хекинг не е повеќе стратег на бундеслигашот Волфсбург, откако раководството на клубот реши да му врачи отказ на овој тренер. Лошата серија резултати и 14. место на табелата го вклучија алармот кај раководството на „волците“, кои се решија на ваков потег.

Хекинг е во Волфсбург од 2013 година, а две сезони подоцна го освои Купот на Германија и заврши на втората позиција на табелата, зад шампионот Баерн Минхен.

Според германските медиуми, функцијата тренер на Волфсбург ќе ја извршува Валериен Исмаел, кој моментално е стратег на екипата на Волфсбург до 23. години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top