Српскиот весник „Блиц“ тврди дека пензионираниот генерал на српската жандармерија Братислав Дикиќ за 100.000 евра глумел терорист, а целта била да се поларизира гласачкото тело и со тоа умеррените процрногорски гласови повторно да ѝ припаднат на ДПС.
Наведувајќи дека формулациите на полицијата и обвинителството дека 20 српскидржавјани се уапсени кога тргнале по оружје, „Блиц“ вели дека истата таа полиција оружјето за „преврат и апсење“ на Мило Ѓукановиќ не го пронашла.
„Едноставно целта била да се разбрануваат страстите на денот на изборите и да се поларизира Црна Гора на српска опција и на ДПС на Ѓукановиќ. Формулата која требаше да ги разбуди емоциите е „нема нас Срби да ни изведуваат терористички акции““, објаснува соговорникот на „Блиц“.
Никој не можел да прецизира дали и за која сума Дикиќ учествувал во сландалот во Црна Гора, пишва српскиот весник и тврди дека „во Подгорица се зборува дека сумата не е голема, но не е под 100.000 евра“.
„Сигурно е, меѓутоа, дека акцијата требало на сите да им делува како сценарио на српските опции, особено што за Дикиќ се врзуваат радикални просрпски ставови. Токму тоа требало да биде гарант дека пријавувањето терористи нема врска со државниот врв“, пишува „Блиц“.
„Братислав Дикиќ има сериозни здравствени прпблеми и многу е дискутабилно дали може да извде каква било акција, а осовбено заземање на Собрание. Меѓутоа, пријател е со Славко Сотојановиќ, директор на полицијата на Црна Гора и со поранешниот директор на полицијата Веселин Вељовиќ“, вели изворот на „Блиц“.
Еден од челниците на опозицискиот Демократски фронт, Марко Милачиќ, уште во неделата обвини дека апсењето е фингирано, бидејќи на видеото што го објави на Фејсбук јасно се гледа дека „терористот“ фингира дека носи лисици.
На снимката се гледа дека еден од уапсените прво ги држи рацете зад грб во положба типична за раце врзани со лисици, а кога влегува во возилото, ги спушта покрај телото.
„Зарем треба поголем доказ дека апсењето на „терористот“ Дикиќ и неговата екипа е чиста претстава: ги спроведуваат без лисици?“, пишува во коментарот на објавата на видеото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)