| четврток, 6 декември 2018 |

Има три години знае 7 јазици меѓу кои кинески и арапски (Видео)

Бела има само три и пол години и тешко е да поверувате дека знае да зборува на дури седум јазици!

Иако звучи неверојатно, таа зборува руски, кој и е мајчин јазик, англиски, германски, француски, шпански, кинески и арапски.

Имено, нејзините родители ја пријавиле на руското шоу за таленти и се бори за главната награда од милион руски рубљи, односно за околу 15 илјади евра.

Таа е многу весела девојка, за која од неверување ќе си помислите дека можеби била присилена да учи јазици, но сепак тоа не е случај. Бела е талентирана за јазици, па мајка ѝ и чита приказни на различни јазици, додека таа ги впива зборовите многу брзо и покажува огромен интерес за јазикот.

Од видеото, ќе забележите дека и нејзиниот изговор е навистина солиден.. Кој не би посакал ваква ќерка?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top