| четврток, 6 декември 2018 |

Само еден полицаец ja призна бруталноста на полицијата врз Афроамерканците

Претседателот на најбројната американска полициска организација, која претставува неколку илјади полицајци, Теренс Канинг, во понеделникот се извинил за лошиот однос на полицијата кон Афроамериканците во САД.
На годишната конференција на Меѓународната асоцијација на шефовите на полициите во Сан Диего, која ја претставуваат неколку илјади полицајци во светот, Канинг рекол дека полицијата низ историјата била симбол на репресија при спроведување на законите, што придонело за легализирање на дискриминацијата и ускратување на основни права.

Неправдите во минатото создале недоверба помеѓу полицијата и црнците, рекол тој. Меѓународното полициско здружение ги признава и се извинува за овие акции, рекол Канингем, но додал дека денешните полицајци не може да се казнуваат за минатото.

Канингем, кој е началник на полицијата во Велеси во Масачусетс, добил долг аплауз од присутните, пренесува АП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top