| четврток, 6 декември 2018 |

Поетскиот карван на ДПМ во Гевгелија

Поетскиот карван на Друштвото на писателите на Македонија во четврток (20 октомври) ќе настапи во Гевгелија. Љубителите на литературата во овој град на пладневната поетска манифестација во библиотеката „Гоце Делчев“ ќе имаат можност да се сретнат со 18 автори од различни генераци.

Поетскиот карван на ДПМ се одржува во рамките на проектот за дисперзија на културните настани во земјата. Поетите досега гостуваа во Куманово, Свети Николе, Радивиш, Гостивар, Крива Паланка, Битола, Штип, Крушево, Тетово, општина Илинден, Македонски Брод, Велес, Демир Хисар и Лазарополе, а учествуваа и на Фестивалот на детското литературно творештво „Ракатки“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top