Веќе се познати имињата на дел од носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните избори. Носител на листа ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 6 Влатко Ѓорчев, а во двојка Никола Поповски.
Жителите на Тетово денес поврдија дека се за избори. Членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев вечерва од Тетово ги започна активностите на терен истакна дека повеќе нема бегање и дека Македонија ќе гласа.
-Чекавме, бевме трпеливи. Избегаа прв пат, избегаа втор пат, трет пат нема каде да бегаат. Во декември гласаме и во декември победува ВМРО-ДПМНЕ со Коалицијата. Вчера се собравме од цела Македонија и порака е дека на 11 декември ќе гласаме повторно Никола Груевски да биде премиер. Порака до цела Македонија – 63 пратеници за унитарноста на Македонија, за уставниот поредок на Македонија, за безбедноста на Македонија, Македонија да биде сигурна и стабилна, истакна Ѓорчев.
Тој истакна дека конечно после две години опструкции и удар од СДСМ каков што во Македонија немало, ќе се оди на избори.
-Направија удар под кој што многу поголеми држави и посилни ќе попуштеа. Македонија не попушти. Македонија беше удирана, но стоеше исправено. Македонскиот народ и граѓаните беа предизвикани, ласирани беа специјални операции против Република Македонија од страна на оние кои тргнаа во целата оваа лакрдија наречена рушење на Владата. Можам да ви кажам дека имаше неколку обиди за рушење на Владата внатре во Собранието и формирање на ново парламентарно мнозинство. Не успеа, затоа што СДСМ не можеше да собере 62 пратеници, посочи Ѓорчев.
Министерот за надворешни работи и член на ИК на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Попоски, вечерва се обрати пред членовите на општинскиот комитет на партијата во Куманово и нагласи дека во овој момент се фокусирани на граѓаните, нивните потреби и проектите кои се најзначајни за нив.
ВМРО – ДПМНЕ, рече Попоски, тргнува најсилно досега, со најсилен фокус на граѓаните, инвестициите, повеќе работни места и проекти во секое населено место во Република Македонија. Сметаме, подвлече Попоски, дека овој е вистинскиот момент да заврши кризата и да се посветиме на најважната задача која претстои пред нас.
– Мислам дека со оваа порака, со распишување на изборите, сме во клучен момент во кој граѓаните најдобро ќе можат да оценат што сакаат, дали сакаат проекти,инвестиции,напредок за државата и заштита на националните интереси и конечно да ставиме крај на сите оние кои сакаа на база на шпекулации или на нанесување на штета надвор, да постигнат резултат кој би бил негативен за Македонија, рече Попоски.
Потенцира дека во овој момент пораката е јасна – топката е кај граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)