Министерот за надворешни работи и член на ИК на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Попоски, вечерва се обрати пред членовите на општинскиот комитет на партијата во Куманово и нагласи дека во овој момент се фокусирани на граѓаните, нивните потреби и проектите кои се најзначајни за нив.
ВМРО – ДПМНЕ, рече Попоски, тргнува најсилно досега, со најсилен фокус на граѓаните, инвестициите, повеќе работни места и проекти во секое населено место во Република Македонија. Сметаме, подвлече Попоски, дека овој е вистинскиот момент да заврши кризата и да се посветиме на најважната задача која претстои пред нас.
– Мислам дека со оваа порака, со распишување на изборите, сме во клучен момент во кој граѓаните најдобро ќе можат да оценат што сакаат, дали сакаат проекти,инвестиции,напредок за државата и заштита на националните интереси и конечно да ставиме крај на сите оние кои сакаа на база на шпекулации или на нанесување на штета надвор, да постигнат резултат кој би бил негативен за Македонија, рече Попоски.
Потенцира дека во овој момент пораката е јасна – топката е кај граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)