| четврток, 6 декември 2018 |

Има загинати, во опасност од труење целиот регион: Експлозија во хемиска фабрика во Германија (ФОТО)

Едно лице загина, а четири други се повредени, додека уште неколку други се водат како исчезнати, по експлозија што се случи во германска хемиска фабрика во градот Лудвигшафен.

Експлозијата се случила во седиштето на хемиската фабрика БАСФ на западот од Германија, јавија локалните медиуми.

„Имаше експлозија во која неколку луѓе се повредени, а се уште не се познати причините за експлозијата што се случи во 11.30 часот, во БАСФ Лудвигшафен“, стои во соопштението од компанијата.

ludwigshafen-explosion2

„Зидојче цајтунг“ извести дека едно лице загинало, четири се повредени, а неколку се водат како исчезнати.

„Службите за итни случаи од целиот регион се на местото на експлозијата за да спречат понатамошно ширење на огнот на другите делови од фабриката“, додаваат властите во изјавата.

Според „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, експлозијата се случила при поправка на цевка која се користела за транспорт на продукти од фабриката кон бродовите. Според овој весник, осум луѓе се исчезнати, а неколку други повредени.

b0onwpvieaaurv8

Од Лудвигшафен соопштија дека неколку граѓани се пожалиле на проблеми со дишењето. Граѓаните околу БАСФ треба да останат дома со затворени прозорци и врати, како и да ги исклучат своите климатизери. Можно е да се слушнат и предупредувачки сирени на северот од градот.

Во соседниот Манхајм има предупредување дека облак со опасни хемикалии можно е да се надвисне над градот, па и тие граѓани се предупредени да останат на затворено.

„Сé уште ги испитуваме можните причини за експлозијата. Известени се надлежните институции“, соопштија од БАСФ.

Лудвигшафен се наоѓа на околу 80 километри југозападно од Франкфурт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top