| четврток, 6 декември 2018 |

Вила Горица: Некогаш место за пречек на државни службеници, денес дувло за кучиња-скитници

Наместо туристички атракции кои би привлекувале туристи, имотите на Јосип Брос Тито низ поранешна Југославија главно пропаѓаат. Таков е случајот и со една од најомилените вили на Тито, која се наоѓа во Горица над Бугојно. Некогаш примала државници, а сега служи како депонија и азил за кучиња.

vila-tito-bugojno-02

Немало да има таков развој, кој Бугојно го вброил меѓу најразвиените средини во поранешна Југославија, доколку не бил Јосип Броз Тито. Старите бугојанци и денес тврдат дека Бугојно му бил омилен град. Изброиле дека го посетил 17 пати. Резиденцијата над овој град му служела за одмор, рекреација, сериозни државнички работи, а најмногу за лов.

Едно од најубавите ловишта во Европа денес е пусто, а од вилата во Горица не останало ништо. Денес од неа останале само урнатини и засолниште за напуштени кучиња.

vila-tito-bugojno-03

На местото на кое продефилирале бројни светски државници, екипата на српски „Курир“ разговарала со Митхат Млачо, пензионер од Бугојно. Вели дека секој ден оди до вилата да ги нахрани напуштените кучиња.

-Не би ги хранел ни јас да не е сопругата. Таа сака кучиња, им готви чорба, некогаш им даваме сува храна и млеко. Мора некој – вели Млачо.

Додава дека не му се јасни луѓето кои доаѓаат на местото на вилата за да остават кучиња. Често на отпадот гледа алкохоличари и наркомани. Се потсетил и како било некогаш.

vila-tito-bugojno-06

-Беше прекрасно, прекрасно. Не можеше да се шета тука секој ден, но можеше да се дојде како гостин и да се постат сите објекти. А сега да видиш како ни е, ништо не ни чини. Работев 40 години за 300 марки – се потсетува овој пензионер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top