| четврток, 6 декември 2018 |

Крвава несреќа во студентски дом: Скокнал на кревет и се наденал на нож

policijapozar1

Во 21 часот и 40 минути во Битола, во Студенскиот дом „Кочо Рацин“, вчера седумнаесетгодишник од Битола се самоповредил со нож. Истиот скокнал со грбот на креветот, на кој што по негово кажување имало оставено нож, и се самоповредил. Откако се преслекол, забележал дека на грбот има повреда со обилно крварење.

Веднаш потоа 24-годишниот Д.Д. од Охрид и 23-годишниот Н.Д. од Кавадарци, кои биле во собата, со такси возило го однеле во Клиничката болница во Битола. Од страна на лекар констатирани се тешки телесни повреди и истиот е задржан на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top