| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорческа продолжува да напредува, на чекор е од најдобрите 200 тенисерки во светот

lina-gjorceska

Тетовчанката Лина Ѓорческа од денес го има својот најдобар пласман на ВТА листата во професионалната кариера.

Таа е на 206. место на листата со 249 поени и оствари скок за две позиции во однос на минатата недела. Во игра на двојки, македонската тенисерка е на 148. место со 491 поен, што е пад за три позиции од претходното бодување.

Анџелик Кербер од Германија и натаму е водечка на ВТА листата, а зад неа се Серена Вилијамс и Агњешка Радванска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top