| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Вчера на СДСМ му се случи народ

СДСМ ја виде вчерашната порака од народот. Време е за излез од кризата. Затоа веќе не може да го сокријат стравот. Народот е тој што ќе избере меѓу најобемната програма и конкретни проекти што ги нуди ВМРО и лагите и манипулациите на аболицираниот криминалец Зоран Заев

„СДСМ ја виде вчерашната порака од народот. Време е за излез од кризата. Затоа веќе не може да го сокријат стравот. Народот е тој што ќе избере меѓу најобемната програма и конкретни проекти што ги нуди ВМРО и лагите и манипулациите на аболицираниот криминалец Зоран Заев“ се вели во соопштението на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

– Вчера на СДСМ му се случи народ. Ја видоа пораката и затоа расте паниката – порачуваат од владејачката партија.

„На граѓаните им е преку глава од кризи и деструкција. Сакаат конечно државата да се посвети на реалните проблеми. Сакаат отворање на нови работни места, нови фабрики, инвестиции во инфраструктурата, во образованието во здравството.

Се ближи 11-ти декември, а тогаш на денот на изборите, на СДСМ ќе му се случи уште поголем народ. На СДСМ ќе му се случи референдум со кој граѓаните масовно ќе ги казнат за двете години конфликти, блокади и заложништво во кои ја држеа Македонија. Аболицираниот криминалец Зоран Заев е исплашен бидејќи поддршката од 63 пратеници кои ќе ги добие ВМРО ќе значи дефинитивен крај на неговата деструктивна политика и уривање на сите лаги со кои ги манипулираат неговите соработници дека без разлика што ќе изгуби, повторно ќе бил во Владата.

Аирлија избори!“ пишува во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top