| четврток, 6 декември 2018 |

Важното правило за водата во кое сите верувавме не е точно?

Треба ли навистина да се пијат 0сум чаши вода, е прашање со кое се занимавале австралиските научници во едно истражување.

Пиење на осум чаши вода дневно е едно од главните правила кои обезбедуваат доволна хидратација на организмот. Меѓутоа, новата студија покажала дека ова правило не важи за секого, како и дека секој може едноставно да одреди колку вода навистина му треба.

Научниците велат дека треба да го послушаме своето грло. Според нив, не треба да се придржуваме за правилото за осум чаши вода дневно бидејќи нема научен доказ за тоа колкава количина на течност му е потребна на секој организам поединечно.

На некои луѓе им е потребно и повеќе од осум чаши вода дневно.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top