| четврток, 6 декември 2018 |

Македонскиот пилот Аријан Превала по борбата во пилотската кабина со Јорданецот спречил трагедија (видео)

Македонскиот државјанин Аријан Превала спречи голема трагедија во градот Мериден, Конектикат. Како што пренесуваат американските медиуми, Студентот-пилот, Ферас Фреитех, од Јордан, во придружбана Превала кој бил инструктор по летање од засега неразјаснети причини намерно го насочил авионот Пајпер во густо населениот дел на градот, а потоа и во фабриката за воена опрама “Прат и Витни“.

По борбата во пилотската кабина со Јорданецот, со голема присебност но и пожртуваност Превала успеал некако да избегне да не се урне во местата каде има луѓе или пак во фабриката каде работеле над 300 луѓе. Пајперот завршил во урнатини на една од улиците во градот. Студентот Фреитех загинал на самото место,додека Превала со тешки изгореници бил пренесен во болница. Повредени биле и 2 лица кои во моментот се наоѓале на самата улица.

Освен полицијата во истрагата се вклучи и ФБИ се со цел да се утврди дали Јорданецот има врски со некоја терористичка организација со оглед дека фабриката која што сакал да ја погоди е класифицирана како место со “критична инфраструктура“.

Она што е специфично кај овие тренинг авиони е што тие имаат двојни команди и ако некој реши намерно да го урне авионот, не може да се направи речиси ништо да се спречи тоа.

Превала според кажувањето на неговиот роднина Превала во САД, дојден е пред 20 години, каде работи како инструктур за летање повеќе од 11 години, и е многу успешен во својата работа. Од друга страна Јорданецот Фреитех е имигрант кој од пред 4 години е со студиски престој во Соединетите држави. Според она што го кажуваат пријателите на Јорданецот ништо не навестувало дека тој е спремен на ваков чекор. Останува полицијата и ФБИ да ги разјаснат причините и мотивот што довеле до овој настан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top