Со претставата „Приказните на заборавените предци“ во продукција на Народен театар Слојштица вечер ќе почне акцијата „Среќна недела во Театар Комедија“. Претставата е во режија на Андреј Цветановски, а базирана на приказните пренесувани од Дедо Илија Кочовски. Учествуваат Дамјан Цветановски, Тони Денковски, Сергеј Димовски и Исидор Јованоски. „Приказните на заборавените предци“ премиерно беше изведена на 28 август во село Слоештица, како дел од фестивалот „Славење на пирејот“. Театар Комедија соопшти дека во новата сезона го збогатува репертоарот и го воведува денот недела како ден во кој ќе се случува театар, а ќе гостуваат приватни проекти од жанрот комедија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Култната „Викенд на мртовци“ премиерно на сцената на Ттеатар Комедија
-
По пауза од 25 години Коле Ангеловски повторно ја режира „Не сега, драга“, сега за шестиот роденден на Театар Комедија
-
Коле Ангеловски ја режира „Не сега, драга“ во Театар Комедија
-
Синиша Евтимов во Театар Комедија ја подготвува претставата „Жена ми се вика Борис“