На улица „Македонија“, спроти Спомен куќата на Мајка Тереза, од вчера почна да работи книжарницата „Литература.мк“ која во изминатите пет години постоеше како книжарница на интернет. Во простор од 80 метри квадрартни со врвно ентериерно уредување, книжарницата „Литература.мк“ ќе ги донесе светските книжарски трендови во Скопје и изданијата на најголемите домашни издавачки куќи, задоволувајќи го вкусот и на најпребирливите вљубеници во книгата. „Литература.мк“ ќе понуди богата програма, разни случувања и содржини секој ден, наменети за сите возрасти и за сите вкусови: литературни и музички дружења, гостувања на домашни и на странски автори, креативни средби и едукативни работилници за најмалите читатели, соопшти „Литература.мк“. Дарко Фиданоски, еден од сопствениците на книжарницата, истакнува дека сакаат да го вратат стариот сјај и живот на улицата „Македонија“ и таа да биде сврталиште на љубителите на книгата, но и на случајните минувачи. хс/14:09
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.