| четврток, 6 декември 2018 |

Имам 27 години и имам секс само со старци…

„Навистина му се чудам на тоа што спиењето со мажи кои се од 20 до 30 години постари од мене, денес е табу тема, во периодот на сексуална слободна, менување на полот, геј бракови, промискуитетно однесување, оргии…“, ја започнува својата исповед оваа 27-годишна девојка, пишува порталот Eлспрес.хр.
„За време на една неодамнешна вечера со пријателка која знае дека излегувам со постари мажи, ме праша со подигната веѓа, дали постои разлика помеѓу старите и оние на наши години.

’Постарите мажи одлично се бакнуваат’, ѝ одговорив без двоумење, објаснувајќи дека ми се чини дека тие не пораснале во порнографската ера на агресивно француско бакнување со јазици, туку тие повеќе се бакнуваат со усни како во холивудските филмови.

Прилично сум сигурна дека повеќето жени сексот со постари мажи го замислуваат со виснати тестиси и бели влакна кои изглегуваат отсекаде. Јас имам 27 години и обично спијам со мажи кои имаат 50 и 60 години, така што не можам да зборувам за 70-годишници. Вистината е дека нема правила, и кај мажите кои имаат 30 години има такви кои се грижат за себе, и такви кои не го прават тоа. Исто е и со старите, а јас со таквите кои не се грижат за хигиената и добриот изглед не спијам.

Сите мислат дека постарите мажи имаат виснат задник или избрчкан пенис, но искрено кога би им ги гледала само гениталиите, не би видела никаква разлика. Ако мажот има седи влакна на главата, нормално е дека и доле ќе биде сед.

Мојот момент на „просветлување“ дека сакам да спијам со постари мажи се случи оваа година, откако бев на четврти состанок со маж на моја возраст (поточно имаше 29 години).

По вечерата отидовме во мојот стан, се бакнувавме и се` водеше кон секс, а во моментот кога заводливо го соблеков градникот, ме погледна со таков израз на лицето кој како да зборуваше ’мама’ и го цицаше својот палец. Моментално ме олади. Јас сакам самоуверен, искусен маж кој знае што прави и кој знае како да биде со жена.

Можеби тоа е така затоа што јас сум самоуверена жена, а можеби затоа што имам десетина килограми вишок, значителна височина и изгледам „расно“, како што знаат да ми речат, па не сакам да бидам со некој кој ќе ми ги гледа градите како прв пат да ги гледа на задното седиште од училишниот автобус.

По моето скромно искуство (бидејќи не сум ниту спонзоруша, ниту ку**а), не постои ништо од кое се чувствувам посекси отколку кога ме допира постар маж кој знае што прави. Сексот едноставно е подобар. Открив дека тие, како порнографијата од 1970-тите години, се помалку оптоварени со типичниот изглед кој го сакаат од жените, не им пречат влакната и се луди по орален секс. Исто така, на постарите мажи им е важно јас да доживеам оргазам прва, што ми делува многу рамноправно и џентлменски“, завршува со својата искрена исповед оваа млада жена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top