| четврток, 6 декември 2018 |

Се обидела да се убие во 4 месец од бременоста- досега невидена исповед на принцезата Дајана

Во 1991 година, принцезата Дајана била толку очајна поради врската на принцот Чарлс со Камила Паркер Боулс, што почнала да води аудио дневник и од таа снимка настанала книгата „Дајана:Нејзината вистинита приказна“.

Книгата е објавена 20 години по нејзината смрт. Ова е дел од нејзината исповед, објавена во британските медиуми, кој го открива пеколот низ кој таа минувала.

-Кога бев во четвриот месец од бременоста со Вилијам, се фрлив низ скалите обидувајќи се да го привлечам вниманието на сопругот, сакав само да ме сослуша. Му реков на Чарлс дека сум очајна и плачев. Ми рече дека се претварам.„Нема да те слушам. Секогаш ова ми го правиш. Сега одам на јавање“!Затоа се фрлив низ степениците. Кралицата беше ужасната, се тресеше, беше многу исплашена. Кога се врати, ме игнорираше – рекла Дајана.

Во продолжение на приказната, таа открива колку била страшна нејзината борба со булимијата, но и дека Чарлс правел се да ја наведе да се чувствува полошо и дека кога првпат се онесвестила поради болеста, и рекол дека тоа можела да го направи тивко, на некое скриено место. Неколу години подоцна Вилијам и рекол дека е најсебична личност на светот и дека мисли само на себе. Кога го прашала кој му го кажал тоа, Вилијам и рекол дека неговиот татко тоа го зборува постојано.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top