| четврток, 6 декември 2018 |

Меси се повреди, рекордот од 50 гола недостижен

Лионел Меси се повреди во дуелот против Атлетико Мадрид и веројатно нема да игра до крајот на сезоната. Играчот на Барселона го напушти теренот во 65. минута, а од клубот велат дека е обновена повредата на бутниот мускул. Каталонците до тој момент веќе имаа направено три измени, па продолжија со фудбалер помалку, што не им пречеше да победат со 2-1 на „Висенте Калдерон“. Меси нема да има можност да си го сруши сопствениот рекорд од лани, кога постигна 50 гола во шпанското првенство. На три меча до крајот Аргентинецот 45 пати ги тресеше противничките мрежи во оваа сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top