| четврток, 6 декември 2018 |

Четворица загинати, десетина повредени: Прославувале за нов стан, се урнал балконот

image

Четири лица загинале, а уште десетина се повредени ноќта кон неделата, откако се урнал балкон на трет кат од нова зграда во Анже, град во западна Франција, потврдија локалните власти.

Во несреќата којашто се случила во текот на прослава за вселување во нов стан повредени се уште 14 лица, а некои од нив имаат тешки повреди, изјавил за радиото Франс инфо, Мишел Пишон од болницата во Анже.

Додал дека никој од повредените не е во животна опасност, како и дека сите повредени се на возраст од дваесетина години.

Според болнички извори на AFP, пак, едно лице е во критична состојба.

Според првите сознанија на истрагата, десетина лица се наоѓале на балконот околу полноќ, кога најверојатно попуштила конструкцијата на балконот во блокот кој е изграден во 2000-те години, и се случила несреќата.

Според порталот Ouest France, биле урнати и балконите и на подолните два ката, но за среќа во времето на несреќата на нив немало никој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top