Срам за македонскиот ракомет. Ракометарите на Вардар Јуниор и Борец во вториот дуел од 6. коло прикажаа неспортска игра и недолични сцени и срамно однесување откако во финишот на мечот (31-31) дојде до општа тепачка помеѓу ракометарите и стручниот штаб на двете екипи на теренот во СРЦ „Кале“.
На седум секунди пред крајот на мечот, при напад на Борец, домашните ракометари направија жесток, неспортски прекршок врз Давитковски, кој ја имаше топката во тие моменти. На ова жестоко возвратија ракометарите на Борец,по што настана општ хаос на теренот, во кој имаше размена на удари со нозе и раце.
По неколку минути, се смири тензијата, и се приведе мечот кон крај, откако Илиев изведе пенал за победа, но неговиот удар го одбрани Ѓорѓевски па мечот заврши со поделба на бодовите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)