Јувентус минуваше тешки моменти во првото полувреме против Удинезе, но на неколку минути до одморот Пауло Дибала со магичен слободен удар со левата нога израмни на 1-1. Аргентинецот дотрча до клупата и го прегрна Леонардо Бонучи, посветувајќи му го голот.
Бонучи доби слободни денови заради проблемите со здравјето на неговиот двегодишен син кои веќе неколку недели се главна грижа на дефанзивецот, кој често отсуствува од фудбалските терени. Синоќа малиот Матео и неговите родители беа присутни на „Јувентус стадиум“ да го бодрат тимот од Торино кој победи со 2-1 со вториот гол на Дибала во 51. минута од пенал.
Paulo Dybala Goal HD – Juventus 1-1 Udinese… by nammakudla
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)