Шпанецот Марк Маркез од денес е петкратен светски шампион во мотоциклизам, откако утрово победи на патеката Мотеги во Јапонија, а Валентино Роси и Хорхе Лоренцо не ја завршија трката.
За возачот на Хонда ова е трета титула во кралската класа МОТО ГП титула, а има уште две освоени во помалите категории.
Роси имаше пол-позиција, но ја загуби контролата на предниот дел на моторот и падна на самиот почеток, а Лоренцо, доживеа слична судбина на пет круга пред крајот.
Така Маркез во отсуство на возачите на Јамаха лесно стигна до победата пред Андреа Довициозо на Дукати и Маверик Вињалес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.